Згаснува Montenegro Airlines

38

Владата на Црна Гора ја затвора авиокомпанијата Montenegro Airlines и основа нова компанија со државен капитал, пренесуваат тамошните медиуми.

“За Montenegro Airlines, покрај целата добра волја не можеме да пронајдеме законско решение за да опстане“, изјави црногорскиот министер за капитални инвестиции, Младен Бојаниќ.

Тој соопшти дека владата планира да основа нова компанија со државен капитал, којашто би била оперативна до следната летна сезона.

“Оваа влада нема проблем да донесе одлука, но овде не можеме да донесе никаква одлука за Montenegro Airlines. Побаравме 15 дена, имаше повик од одредени компании во регионот, разговаравме со европски консултанти и заклучок е дека не може да се донесе ниту една во корист на Montenegro Airlines, а да биде законска“ рекол Бојаниќ.

За основање на новата компанија се очекува да бидат потребни шест до осум месеци и да се направи сè што треба за да биде оперативна до следната сезона.

Фото: Freepik