Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во февруари

19

Во февруари 2016 година се издадени 335 одобренија за градење, што е за 48,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.872.239.000 денари, што е за 228,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 197 (58,8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11,6%) за објекти од нискоградба и 99 (29,6%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 335 објекти, на 198 (59,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 137 (40,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 848 станови со вкупна корисна површина од 66.209 метри квадратни.