Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во јануари

41

kuka-planiranje-slika-pixabay

Фото: Pixabay

Во јануари се издаде 368 одобренија за градење, што е за 39,9% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.260.686.000 денари што е за 69,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 226 (61,4%) се наменети за објекти од високоградба, 41 (11,1%) за објекти од нискоградба и 101 (27,5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 368 објекти, на 248 (67,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (32,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 503 станови со вкупна корисна површина од 47.421 метри квадратни.