Зголемен бројот на превезени патници во патниот патнички превоз во последното тримесечје

22

Фото: Pexels

Во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен за 2,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 3,6%, во меѓународниот превоз за 6,1%, додека во приградскиот превоз е зголемен за 9,3%, а во меѓуградскиот превоз за 14,5%.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, вкупниот број превезени патници е зголемен за 25,3%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во меѓународниот превоз е намален за 23,3%, додека во градскиот превоз е зголемен за 30,8%, во приградскиот превоз за 26,9%, а во меѓуградскиот превоз за 1%.

Во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 8,4%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 2,9%, во приградскиот превоз за 12,8%, во меѓуградскиот превоз за 17,6%, а во меѓународниот превоз е намален за 0,7%.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, вкупниот број патнички километри е зголемен за 4,7%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 28,5%, во приградскиот превоз за 24,6%, во меѓуградскиот превоз е намален за 3%, додека во меѓународниот превоз е намален за 13,3%.