Зголемен бројот на работници во индустријата во април

8

Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи пораст од 2,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9%, Капитални производи за 10,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2016 година, во однос на периодот јануари – април 2015 година, е зголемен за 1,6%.