Зголемен бројот на работници во индустријата во август

16

Бројот на работниците во индустријата во август оваа година, во споредба со истиот период лани, е зголемен за 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи опаѓање од 2,7%, а пораст од 1,7% бележи во секторот Преработувачка индустрија и 0,4% пораст во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8% и Капитални производи за 16,6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,9%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2% и Енергија за 1,7%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2015 година, во однос на периодот јануари – август 2014 година, е зголемен за 1,8%.