Зголемен бројот на работници во индустријата во декември

9

Бројот на работници во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

За ист процент е зголемен и бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2014 година, во однос на периодот јануари – декември 2013 година.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи опаѓање од 3,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,7%, Капитални производи за 113,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,9% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,5%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2014 година, во однос на периодот јануари – декември 2013 година, бележи раст од 7,9%.