Зголемен бројот на работници во индустријата во февруари

10

industriski-rabotnik-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во февруари оваа година, во однос истиот период лани, е зголемен за 0,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст од 1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3%, Капитални производи за 4,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,9%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на периодот јануари – февруари 2016 година, е зголемен за 0,4%.