Зголемен бројот на работници во индустријата во февруари

9

Бројот на работниците во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст од 0,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 2,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 % и Капитални производи за 20,6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2016 година, во однос на периодот јануари – февруари 2015 година, е зголемен за 1,6%.