Зголемен бројот на работници во индустријата во јануари

11

Бројот на работници во индустријата во јануари, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е на исто ниво, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 3,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 2,8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5% и Капитални производи за 18,7%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3%.