Зголемен бројот на работници во индустријата во јули

18

industriski-rabotnik-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи пораст од 0,3%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 8,1%, Капитални производи за 11,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на периодот јануари – јули 2016 година, е зголемен за 1,1%.