Зголемен бројот на работници во индустријата во јули

18

Бројот на работници во индустријата во јули, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 6,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,9%. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8%, Капитални производи за 96,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,3%, кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,1%. 

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на периодот јануари – јули 2013 година, бележи пораст од 6,9%.