Зголемен бројот на работници во индустријата во октомври

8

Бројот на работниците во индустријата во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е зголемен за 2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи опаѓање од 2%, а пораст бележи во секторот Преработувачка индустрија од 2,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2% и Капитални производи за 18,4%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,8%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4% и Енергија за 1,3%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на периодот јануари – октомври 2014 година, е поголем за 1,8%.