Зголемен бројот на работници во индустријата во септември

10

rabotnik-vo-industrija-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

ројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи опаѓање од 0,5%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2%, Капитални производи за 14,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2017 година, во однос на периодот јануари – септември 2016 година, е зголемен за 1,5%.