Зголемен бројот на работници во индустријата за 6,7%

12

Бројот на работници во индустријата во мај оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 6,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 0,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3%, Капитални производи за 97,1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2014 година, во однос на периодот јануари – мај 2013 година, бележи пораст од 6,9%.