Зголемен бројот на туристи и ноќевања во февруари

16

Бројот на туристи во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 9,2%, а бројот на ноќевања е зголемен за 16,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 17,6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,9%.

Бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32.467, а бројот на ноќевањата изнесува 72.385.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 19,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,9%. Во периодот јануари – февруари 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 16%, а кај странските има зголемување за 11%.

Во периодот јануари – февруари 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 24,2%, а кај странските има зголемување за 13,8%.