Зголемен бројот на туристи и ноќевања во мај

18

Бројот на туристите во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 12,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2014 година изнесува 76.419, а бројот на ноќевањата изнесува 171.097.

Бројот на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 13,1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 13%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 9,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14,3%.

Во периодот јануари – мај 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9,9%, а кај странските има зголемување за 4,8%.

Во периодот јануари – мај 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,4%, а кај странските има зголемување за 5,9%.