Зголемен бројот на туристи во април

19

turist-ranec-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 18,4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во април 2017 година изнесува 68.047, а бројот на ноќевањата изнесува 140.081.

Бројот на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 15,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19,6%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 15%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 21,1%.

Во периодот јануари – април 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9,4%, а кај странските има зголемување за 11,4%.

Во периодот јануари – април 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,4%, а кај странските има зголемување за 14,6%.