Зголемен бројот на туристи во август

13

turist-ranec-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20,4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во август оваа година изнесува 188.758, а бројот на ноќевањата изнесува 766.844. Бројот на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 3,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 46,5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1,6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41,9%.

Во периодот јануари – август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 22,7%.

Во периодот јануари – август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,4%, а кај странските има зголемување за 22,6%.