Зголемен бројот на туристи во февруари

13

planinar-turist-hermann-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е зголемен за 13,6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во февруари 2017 година изнесува 36.869, а бројот на ноќевањата изнесува 79.860.

Бројот на домашните туристи во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е зголемен за 15,9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е намален за 1,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17,8%.

Во периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12,7%, а кај странските има зголемување за 13,9%.

Во периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,2%, а кај странските има зголемување за 16,6%.