Зголемен бројот на туристи во јануари

13

kufer-turisticka-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јануари 2017 година изнесува 43.220, а бројот на ноќевањата изнесува 87.894. Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 15,5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 8,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15,2%.

Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15,7%, а кај странските има намалување за 5,1%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8,4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 24,3%, а кај странските има намалување за 2,8%.