Зголемен бројот на туристи во јануари

22

Бројот на туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 16,3%, а бројот на ноќевања е зголемен за 20,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јануари 2016 година изнесува 38.162, а бројот на ноќевањата изнесува 78.667.

Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 14,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 17,5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 27,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,6%.

Бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 5,4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,7%, а кај странските има намалување за 8,6%. Бројот на ноќевањата во јануари 2016 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9,6%, а кај странските има намалување за 5,1%.