Зголемен бројот на туристи во јули

20

Бројот на туристи во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 11,7%, додека бројот на ноќевања е зголемен за 8,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јули 2015 година изнесува 119.742, а бројот на ноќевањата изнесува 520.283.

Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16,1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11,2%.

Во периодот јануари – јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7,9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,7%, а кај странските има зголемување за 12,6%.

Во периодот јануари – јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1%, а кај странските има зголемување за 8%.