Зголемен бројот на туристи во јуни

14

turistka-pexels

Фото: Pexels

Бројот на туристите во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 18,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 14,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 4,1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24%.

Бројот на туристите во јуни 2017 година изнесува 84.778, а бројот на ноќевањата изнесува 197.016.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 8,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18,2%.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 11,4%, а кај странските има зголемување за 13,1%.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9,7%, а кај странските има зголемување за 14,3%.