Зголемен бројот на туристи во март

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2016 година изнесува 44.593, а бројот на ноќевањата изнесува 94.566.
Бројот на туристите во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25,8%.
Бројот на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23,2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23,4%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 39,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17,3%.
Во периодот јануари – март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18,4%, а кај странските има зголемување за 15,8%.
Во периодот јануари – март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21,0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 29,5%, а кај странските има зголемување за 15,1%.