Зголемен бројот на туристи во ноември

19

turist-karikatura-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на туристи во ноември 2017 година, во споредба со истиот период претходната година, е зголемен за 15,2%, а бројот на ноќевања е поголем за 18,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на туристи во ноември 2017 година е 50.869, додека бројот на ноќевања достигна 115.749.
Бројот на домашни туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 1,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24,5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 0,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 35,9%.

Во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,7%, а кај странските има зголемување за 23,5%.

Во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,6%, а кај странските има зголемување за 22,6%.