Зголемен бројот на туристи во октомври

17

passport-2733068_960_720

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во октомври 2017 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 12,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во октомври 2017 година изнесува 77.779, а бројот на ноќевањата изнесува 165.748. Бројот на домашни туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е намален за 5,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 21,1%.

Бројот на ноќевања на домашните туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е намален за 5,9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15,4%.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,3%. Кај домашните туристи има зголемување за 6%, а кај странските има зголемување за 23,4%.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12%. Кај домашните туристи има зголемување за 4,8%, а кај странските има зголемување за 22%.