Зголемен бројот на туристи во септември

10

 

turistka-pexels

Фото: Pexels

Бројот на туристите во септември 2017 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 23,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во септември 2017 година изнесува 104.120, а бројот на ноќевањата изнесува 242.719. Бројот на домашните туристи во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, е зголемен за 10,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 29,1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, е зголемен за 23,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,8%.
Во периодот јануари – септември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,9%, а кај странските има зголемување за 23,7%.

Во периодот јануари – септември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,3%, а кај странските има зголемување за 22,6%.