Зголемен индикатор на доверба во преработувачката индустрија во јуни

20

industriski-merac-za-pritisok-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2017 година е за 0,9 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2016 година е зголемен за 2,2 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2017, во однос на мај 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај 2017 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2017 година изнесува 64,9% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,4%, недостигот на квалификувана работна сила со 19%, недоволната домашна побарувачка со 18,7% и неизвесното економско опкружување со 11,3%.