Зголемен индикаторот на доверба на деловните субјекти во градежништвото

24

kuka-i-pari-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,7 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 1,2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2017 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба, се поповолни во однос на претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од 2017 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22,9%, нема побарувачка со 16%, нема ограничувања со 15,1% и зголемени финансиски трошоци со 11,3%.