Зголемен индикаторот на доверба во градежништвото во првото тримесечје

21

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2019 година е повисок за 0,5 процентни поени во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, а e повисок за 0,7 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2018 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработени се дека тој незначително ќе се зголеми.

Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на првото тримесечје од 2018 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба се поповолни во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 19,9%, конкуренција во сопствениот сектор со 13,8%, зголемени трошоци за материјали со 13,2% и недостиг на обучен кадар со 13,1%.