Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

35

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2020 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на ноември 2020 година и изнесува 13,7, а во однос на декември 2019 година е намален за 8,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2020, во однос на ноември 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на декември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2020 година изнесува 69,2% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21,3%, неизвесното економско опкружување со 18,9%, недостигот на квалификувана работна сила со 15,7% и недоволната домашна побарувачка со 13,8%.

Фото: Freepik