Зголемен индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2017 година

18

grafikon-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1,2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде понеповолна во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е понеповолна, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се зголеми.

Продажните цени во четвртото тримесечје од 2017 година се зголемиле незначително во однос на третото тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно намалување во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 31,5%, зголемената конкуренција на пазарот со 18,3%, недостиг на обучен кадар со 12% и зголемената понуда на пазарот со 11,1%.