Зголемен индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје

11

supermarket-kolicka-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен е за 0,9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените е дека тие ќе се намалат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2017 година се зголемиле во однос на второто тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 22,6%, зголемената конкуренција на пазарот со 21,2%, нема ограничувања со 13,2% и зголемената понуда на пазарот со 12,6%.