Зголемен извозот на стоки за 27,8%

20

transportФото: Pexels

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во јануари 2018 година, изнесува 25.873.897 денари и бележи пораст од 27,8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2018 година, изнесува 34.455.998 денари, што е за 24,2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2018 година, изнесува 8.582.101 денари. Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2018 година, изнесува 75,1 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во јануари 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.