Зголемен извозот од индустриските зони во Македонија

22

Извозот во првиот квартал од оваа година, што изнесува 250 милиони евра, бележи пораст од 95% во однос на истиот период лани. Од почетокот на годината, вредноста на извозот од слободните економски зони во земјата е 350 милиони евра.

Се очекува извозот кон крајот на годината да надмине 1,2 милијарди евра, доколку продолжи растот на извозот со ова темпо.

“Само во еден месец имаме извоз од зоните од околу 100 милинои евра и сме на пат да го достигнеме, можеби и да го надминеме вкупниот планиран извоз од зоните од 1,2 милијарди евра на годишно ниво“, рече Виктор Мизо, директор на Дирекцијата на Технолошко – индустриските развојни зони.

Ова, како што рече тој, се должи на активноста на втората фаза на британската Џонсон Мети, која активно произведува дополнителна вредност во споредба со лани, потоа Ван Хол кој исто така почна со работа, како и Џонсон контролс во Штип и Кемет електроникс.

Мизо рече дека има зголемување на извозот и до компаниите Продис и Текнохозе, што било показател на заздравување на европската економија, како и зголемената ефикасност во производството.