Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во август

20

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во август оваа година изнесува 1.214.562.000 денари, што во однос на истиот период лани, е зголемување од 11,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 39,9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 0,1%.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекотo и млечните производи, додека намалување се забележува кај: житата, индустриските и фуражните растенија, грозјето и рибата.