Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2015

12

Откупот и продажбата на земјоделски производи, во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период во 2014 година, се зголемени за 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 1,2%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци и млекото.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во октомври и декември, додека во ноември е забележано опаѓање.