Зголемен откупот на пченица во земјава

18

До 31 јули годинава ожнеани се околу 82.210 хектари пченица или 87% од површините. Остварениот просечен принос достигнува до 3,5 тони на хектар и доколку се задржи на ова ниво, се очекува производство од 330.000 тони што претставува зголемување за околу 20% или 53.000 тони во споредба со минатата година.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), до почетокот на август се откупени околу 75.000 тони пченица или 66% од вкупните лански количини, што е зголемување за околу 6% во споредба со истиот период минатата година, кога биле откупени 70.000 тони.

Според земјоделскиот информативен систем на МЗШВ и доставените податоци од откупувачите, просечна  откупна цена на меркантилната пченица од  реколтата 2014 за јули изнесува 10,74 денари за килограм.

Лани беа ожнеани 93.646 хектари од кои е остварено производство од 280.929 тони со просечен принос од околу три тони на хектар.