Зголемен прометот во индустријата во август

17

rast-biznis-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 4,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2017, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 5,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 7,5%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст од 15,3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1%, Капитални производи за 10,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.

Прометот во индустријата во август 2017 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 2,4%, додека во периодот јануари – август 2017 година, во однос на периодот јануари – август 2016 година, е зголемен за 7%.