Прометот во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата во декември 2015 година, во однос на ноември 2015 година, е намален за 12,6%, додека во периодот јануари – декември 2015 година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 8,6%.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2015, во однос на декември 2014 година, бележи опаѓање од 1,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 2,8%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи опаѓање од 13,6%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,7%.
Според главните индустриски групи, прометот во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 21,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 96,1% и Интермедијарни производи, освен енергија за 8,3%.