Зголемен прометот во индустријата во февруари

50

industriski-merac-za-pritisok-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 9,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2017, во однос на февруари 2016 година, бележи опаѓање од 7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 13,4%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст од 15,5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,5%.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,4% и Капитални производи за 12,8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3%.

Прометот во индустријата во февруари 2017 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 13,4%, додека во периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на периодот јануари – февруари 2016 година, порастот е 8%.