Зголемен прометот во индустријата во септември

13

Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 10,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2016, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 1,1%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 12,6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 11,8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 34,1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9%.

Прометот во индустријата во септември 2016 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 12,6%, додека во периодот јануари – септември 2016 година, во однос на периодот јануари – септември 2015 година, е забележан пораст од 10,7%.