Зголемен прометот во индустријата во септември

17

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2017, во однос на септември 2016 година, бележи опаѓање од 6,8%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 7,4%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст од 3,8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8%, Капитални производи за 4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4%.

Прометот во индустријата во септември 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 12,8%, додека во периодот јануари – септември 2017 година, во однос на периодот јануари – септември 2016 година, порастот е 6,7%.