Зголемен прометот во индустријата во септември

18

Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2015, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 0,6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 6,8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15,8%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 29,4%, Капитални производи за 13% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 61,6% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,9%.

Прометот во индустријата во септември 2015 година, во однос на август 2015 година, е зголемен за 17,1%, додека во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на периодот јануари – септември 2014 година, зголемен е 9,2%.