Зголемен прометот во трговијата на мало во март

20

kolicka-supermarket-pixabay

Фото: Pixabay

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 2,9%, а реално за 4,3%), а во групата Трговија на мало, со автомобилски горива, прометот номинално е зголемен за 17,9%, а реално е намален за 0,5%.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14,6%, а реално за 12,4%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6,9%, а реално за 6,2%).