Зголемена потрошувачката на градежни материјали и енергија во 2013

20

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност, во текот на минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 10.023.494.000 денари, што е за 8,9% повеќе во однос на претходната година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата материјали за врзување со 3.365.109.000 денари или 33,6%, потоа следуваат групите Потрошено гориво со 1.821.146.000 денари односно 18,2%, Материјали за армирање и прицврстување со 1.408.200.000 денари со 14% итн.