Зголемени цените на угостителските услуги во декември

10

restoran-pixabay-masa

Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во споредба со ноември 2017 година, се зголемени за 0,2%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,9%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,8%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,6%.