Зголемени девизните резерви во септември

Фото: Pixabay

Вкупните официјални девизни резерви на крајот на септември оваа година изнесуваа 2,7 милијарди евра или 10,4 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Истиот период минатата година, вкупните државни девизни резерви имаа вредност од 2.271.380.000 евра.

Најголем дел од вкупните девизни резерви отпаѓаат на хартиите од вредност, чиј износ заклучно со 30-ти септември беше 2.175.200.000 евра. Еден месец претходно салдото на оваа сметка беше 2.160.030.000 евра, додека истиот период лани изнесуваа 1.841.270.000 евра.

Валутите и депозитите на крајот на месец септември беа на ниво од 303.670.000 евра, што е за 2,5 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на септември лани, валутите и депозитите имаа вредност од 184.620.000 евра.

Државното злато во пресметковниот период вредеше 226.510.000 евра, што е намалување од 2,1 милиони евра во однос на претходниот месец.