Зголемени продажните цени на индустриските производи во април

19

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,1% на месечно ниво, додека во споредба со истиот период лани тие се пониски за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2015, во споредба со март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,8%.

Во април 2015, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,7% и во секторот Преработувачка индустрија за 4%, а се повисоки во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6%.